Политика за враќање на средства
Испорака на стоки и можни ограничувања:
Би сакале да ве известиме дека сме во можност да ви ја испорачаме саканата стока преку курирска служба ELS(Македонија). Нашата курирска услуга е брза и сигурна, а цената за испорака во Северна Македонија е 160 денари. Имаме и одлични вести за сите наши ценети клиенти. Доставата ќе биде потполно бесплатна за сите нарачки чија вредност е поголема од 3000 денари. Ова значи дека ако вашата нарачка ја надмине оваа вредност, нема да плаќате дополнителни трошоци за испорака. Важно е да се напомене дека се трудиме да ја испорачаме вашата стока што е можно поскоро. Нашето стандардно време за испорака е 3 работни дена од денот на потврдата на нарачката. Ова се однесува на повеќето локации, но ве молиме на разбазбирање доколку испораката трае ден или два до повеќе оддалечени локации.
Политика за поплаки:
Можете да го рекламирате или вратите производот во рок од 14 дена од датумот на подигнување. Но мора да се врати во оригиналното пакување, неискористен.
Постапката за враќање на производот е како што следува:
Спакувајте го парфемот во заштитна кутија или плик за да спречите оштетување при транспорт.
Пратете го по курирската служба ELS (Макдеонија) и платете ги транспортните трошоци.
Вратениот производ мора да го купите кај нас, неотворен и физички неоштетен. Само во овој случај можете да побарате замена за друг или враќање на парите (цената на веб-страницата минус оригиналните трошоци за испраќање на нарачката на вашата адреса).
Доколку парфемот се оштетил при транспортот, во тој случај морате што поскоро да ја контактирате курирската служба (телефонскиот број е на фактурата добиена од курир) за да се направи евиденција за оштетувањето на пакетот, во спротивно ќе не може да ја прифати жалбата. Според евиденцијата на курирската служба, оштетениот производ ќе биде заменет и доставен до купувачот без никаков надомест или други трошоци во најкус можен рок. Не можеме да прифатиме поплаки дека производот не изгледа како порано.
Замена:
Доколку забележите неправилности во производот, можно е да го замените парфемот доколку е утврдена фабричка грешка итн.
Во тој случај слободно контактирајте не, вратете го парфемот по курир или пошта. Спакувајте го производот во пакувањето во кое е примен и дополнително пакувајте го во кутија за да спречите оштетување при транспорт.
Пратката ја враќате без откуп. Кога ќе утврдиме дека вратениот производ е купен од нас, ќе ве контактираме и ќе испратиме замена за истиот парфем. Доколку немаме производ за замена на залиха, периодот на чекање е од 5 до 10 дена. Во тој случај, ќе ве контактираме што е можно поскоро за повторна испорака.
Рефундирање:
Во случај на враќање на стоката и враќање на средства на клиент кој претходно платил при достава, делумно или целосно, и без оглед на причината за враќањето, ВЕШМК е должна да ги врати средствата исклучиво на трансакциската сметка на клиентот.
Изјава за ДДВ:
ДДВ е вклучен во цената и нема скриени трошоци.